Приведен тетовец, ограбувал камион

27-годишен тетовец бил приведен утрово околу 2 часот. Тој е осoмничен дека извршил кражба на камион.

Полициски службеници на СВР Тетово утрово околу 02:10 часот, го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец И.М..

Како што информираа од МВР, тој се сомничи дека претходно извршил кражба од товарно моторно возило „ман“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано во тетовско Пршовце.

И.М. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестНов инцидент во САД, службеник избоден со нож
Следна вестАнита Бошковска и Катерина Георгиевска избрани за судијки во Врховниот суд