Home АКТУЕЛНО Приведен тетовец за двете запалени возила на ЕВН

Приведен тетовец за двете запалени возила на ЕВН

0
Приведен тетовец за двете запалени возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени локации во градот, а сторителот е фатен, јавува „А1он“.

-Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција, пожарите се локализирани и изгаснати”, изјави Ука Алити, командант на Тетовската територијална противпожарна единица. Увид на местата на опожарените возила изврши тетовската полиција.

-На улица ‘Ленин’ во врска кривично дело предизвикување на општа опасност од слобода е лишено лицето К.О. (43) од Тетово. Истиот е задржан во полициска станица за натамошна постапка, велат од МВР.