Приведен возач од ресенско, управувал возило под дејство на алкохол

111

На 26.05.2025 во 00.23 часот на патот Ресен- Битола, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Р.Н. (47) од с. Златари, ресенско.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат” со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Р.Н., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,89 промили алкохол во крвта. Р.Н. е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСе судрија воз и „мерцедес“ кај Велес
Следна вестПретрес во Батинци, пронајдени пиштоли и куршуми, лишено од слобода едно лице