Помошник-директор на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Игор Поповиќ синоќа бил приведен од страна на косовската полиција.
-Поповиќ присуствувал на одбележувањето на страдањето на Србите во регионот Ораховац „од рацете на криминалната ОВК (Ослободителна војска на Косово – ОВК), соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија.
Во тоа српско тело, Поповиќ е задолжен за правни прашања.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, веднаш го информираше Брисел за апсењето на неговиот соработник, се наведува во соопштението, и побарал негово итно ослободување.
-Поповиќ беше приведен поради неговата изјава по поменот, само затоа што ги нарече со нивното вистинско име оние што убија 47 Срби и Роми и киднапираа повеќе од сто невини луѓе во текот на јули 1998 година. Во исто време, пироманот Курти сака да предизвика нова криза на терен и да им испрати порака на Србите дека за нив нема ниту мир ниту правда, се додава во соопштението.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



