Приведена мајка, осомничена дека ги тепала двете малолетни деца

На 08.05.2023 во 22.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.И.(34).

-Таа се сомничи дека во домот каде што престојуваат, физички ги нападнала своите две малолетни деца. Б.И. била задржана во полициска станица,а децата биле згрижени од Центарот за социјални работи, информира МВР.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПриведен маж кој пукал со сигнален пиштол пред неговата куќа
Следна вестКривична пријава против четири лица од Битола поради обид за кражба