Приведени двајца крадци

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар и Единицата за внатрешни работи Карпош синоќа во 21.15 часот, ги лишиле од слобода А.И.(24) и В.А.(20), двајцата од Скопје.

– Тие се сомничат дека на 16.10.2022 одзеле пари од спортска обложувалница на ул.„Митрополит Тедосиј Гологанов“, на 21.10.2022 со употреба на подесен алат и физичка сила влегле во црквата „Св.Богородица“ на кеј „Димитар Влахов“ и одзеле пари, на 01.11.2022 на ул.„11 Октомври“ со употреба на физичка сила од женско лице од Скопје одзеле паричник, а на 14.11.2022 во подрумски гаражи на ул.„Кузман Јосифовски Питу“ со закана и употреба на физичка сила од малолетничка од Скопје одзеле пари, соопштија денеска од МВР.

Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а дел од одземените средства и предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претходна вестТри министерства први за реорганизација, во едно ќе се спојуваат повеќе институции и агенции
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Афера „Паразити“, Кире Наумов со плата од 2.500 евра, Славко Пројковски со над 6.000 евра…