Приведени двајца криумчари од Скопје, пронајден илегален мигрант од Турција

10

На 06.10.2025 во 22:50 часот на Регионален пат Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.В.(47) и А.Б.(54), двајцата од Скопје. При контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.В., а сопатник бил А.Б., затекнат е Б.У.(22), илегален мигрант од Турција.

Возилото е одземено, а по наредба на јавен обвинител мигрантот е сместен во Прифатен центар за странци во Скопје. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестФилмска полициска бркотница и пукање вчера во Скопје, осуденици со Ренџ Ровер завршија во ендек
Следна вестЃорѓиевски: Голем инфраструктурен бран во Бутел – кружен тек, нови улици и мега парк