Две лица од Мароко биле приведени откако неовластено влегле во кругот на касарната „Илинден“ во Скопје.
-На 31.05.2023 во 20.30 часот во кругот на касарна „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош ги лишиле од слобода А.Ф.(23) и С.А.(21), двајцата од Мароко, поради неовластено влез во кругот на касарната, соопшти МВР.
Тие биле спроведени во Привремен транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.