Приведени двајцата крадци на стоматолошки материјал во гостиварско

Полициски службеници од СВР Тетово, вчера околу 22 часот во гостиварското село Неготино ги лишиле од слобода 27 годишниот Ф.Х. заедно со малолетно лице од истото село, под обвинение дека извршиле тешка кражба во магацин на стоматолошка ординација во селото.

– На 09.03.2023 околу 21.45 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 27-годишниот Ф.Х. и малолетник од ова село.мТие се сомничат дека на 08.03.2023 извршиле тешка кражба во магацин на стоматолошка ординација во селото, сопственост на И.Х. (62). Кај Ф.Х. биле пронајдени и одземени дел од предметите кои потекнуваат од кражбата, велат од МВР.

Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар, а по целосно расчистување на случајот ќе бидат поденесени соодветни пријави.

Претходна вестКовачевски: Евреите од Македонија биле транспортирани и убиени во Треблинка од страна на фашистите
Следна вестФранција можно е да забрани објавување на фотографии од деца на социјалните мрежи