Темно Режим Светло Режим

Приведени малолетници кои сквернавеле гробови и тоа го објавиле на Тик Ток

Полицијата вчера приведе двајца малолетници кои сквернавењето на гробовите во Ресен го објавувале на социјалната мрежа Тик Ток. Снимки на кои тие лежат на гробовите и се поигруваат со крстовите тие ги објавија на оваа социјална мрежа.

Полицијата вчера ги идентификуваше и приведе.

– Полициски службеници од ОВР Ресен вчера во периодот од 16 до 18.30 часот идентификуваа и извршија службен разговор со тројца малолетници од Ресен (двајца на 16-годишна возраст и еден- 14 години) во врска со објавениот видео материјал на социјалната мрежа „тик-ток“ на кое се сквернават гробови во овој град. Со малолетниците, во присуство на родител, е извршен службен разговор, а по документирање на случајот, во координација со надлежен обвинител ќе бидат поденесени соодветни поднесоци, се наведува во соопштението на полицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Пандев е прогласен за спортист на годината во Македонија

Следниот Пост

И цело Скопје пешачки премин да стане, пак малку им е