Приведени момче и девојка разбојници, со нож нападнале момче кај МРТ

Приведени се момче и девојка кои нападнале скопјанец на кај кај МРТ, соопшти полиција.

МВР информира дека полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера околу 18:00 часот ги лишија од слобода се Е.Д. (23) и Џ.И. (22), женско лице, двајцата од Скопје, затоа што во 15:56 часот во СВР Скопје Р.Б.(26) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар, кај МТВ, му одзеле пари и му нанеле повреда со остар предмет, соопшти МВР.

По извршениот претрес кај пријавените е пронајден нож и пари.

Претходна вестЛДП го предложи Пенов за нов министер за локална самоуправа
Следна вестПретпладне претежно сончево, попладне можен дожд