Приведени три лица од струмичко за пустошење на шума

На 23.12.2022 во 14.00 часот на место викано „Варница“, во атар на село Варварица, струмичко, полициски службеници од Полициска станица Радовиш ги лишиле од слобода Д.С.(22), С.С.(43) и З.С.(43), сите од село Баница, струмичко.

Лицата биле затекнати како со повеќе запрежни возила превезуваат вкупно 25 метри кубни бесправно исечени дабови огревни дрва, а кај нив биле пронајдени и одземени и неколку моторни пили.

Дрвата и запрежните возила се пренесени во склад на Јавното претпријатие „Национални шуми“ во Струмица. Трите лица се приведени и задржани во полициска станица Струмица, а во координација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „пустошење на шума“, по член 226 од Кривичниот законик.

Претходна вестПритвор за дилер на марихуана од Битола
Следна вестМВР со апел до граѓаните: Возете одговорно за безбедни празници!