Приведени три лица, се однесувале агресивно кон полицајци

Нападнати полицајци во Скопје. Имено, три лица синоќа биле приведени бидејќи се однесувале агресивно кон полициски службеници.

Од полицијата информираат дека две од лицата се од селото Сингилиќ и се на возраст од 21 и 29 години.

Третото лице било приведено на улицата „Рајко Жинзифов“ во Скопје, бидејќи под дејство на алкохол агресивно се однесувал кон полициските службеници и го нарушил јавниот ред и мир.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.