Приведени трите лица кои мачеа коњ, ќе одговараат кривично

Полицијата приведе три лица кои со автомобил влечеа коњ, кој од изнемоштеност, падна среде улица.

Од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека лицата биле приведени на улицата Благоја Стефковски во Скопје.

„Приведени се С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 233 од КЗ (мачење на животни) сторено на 01.03.2023 околу 13:00 часот на ул. Коце Металец во Скопје , при што измачувале коњ“, велат од МВР.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Претходна вестСловенија и Хрватска меѓу петте европски земји со најдобри услови за живот
Следна вестПелистер со одмазда против Војводина