На 14.01.2022 од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, по преземени мерки и активности, лишени од слобода се А.Ѓ.(30), В.Р.(29) и Т.С.(38), сите од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело тешка кражба.
Имено, на 14.01.2022 тие одзеле поголема сума на пари од продажен објект во Свети Николе, но набрзо по извршеното кривично дело, во координирана акција на полициските службеници, тие се приведени во полициска станица.
По наредба на Јавен обвинител извршени се претреси кај лицата, при што се пронајдени и одземени пари, а до ОЈО Свети Николе поднесена е кривична пријава.