Приведени жители на Долно Косоврасти за нелегален ископ на песок

Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи, привеле тројца жители од селото Долно Косоврасти, поради нелегален ископ на песок на брегот на река Радика.

– Синоќа во 21.30 часот, приведени се Е.М.(34), А.М.(39) и М.М.(45), сите од дебарското село Долно Косоврасти. Тие, претходно се затекнати покрај брегот на реката Радика, под „Бошков мост“ во близина на селото, при нелегален ископ на минерална суровина-песок, која потоа ја товареле на трактор марка „Ловол“ со дебарски регистарски ознаки, информираше денеска Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него, по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЧетири лица потешко повредени во сообраќајка на Пониква
Следна вестКривичен: 30 дена куќен притвор и дополнителни мерки на претпазливост за Незири и тројцата осомничени за упадот во М-НАВ