Приведено лице од Крушево за злоупотреба на службена должност

31

На 15.07.2025 во 13.35 часот пред угостителски објект во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Т.О.(46) од Крушево.

Имено, тој се сомничи дека како вработен во шумско претпријатие во Крушево извршил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – „злоупотреба на службена положба и овластување” на тој начин што како службено лице одзел нелегално исечени огревни дрва со приколки и ги продал на лице.

По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестМинистерката Божиновска: Со ветерниците на Алказар Енерџи ќе создадеме систем што произведува чиста, стабилна и македонска енергија
Следна вест2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода