Приведено младо лице од скопско по распишана централна потерница

На 18.11.2022 во 18:45 часот во с.Петровец, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(20) с.Трубарево, скопско.

Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Претходна вестСДСМ: Вистински паразит е Мицкоски, за две години земал 50.000 евра од граѓаните
Следна вестРКЕ: Издадени се над 200 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори