Пробиени тестовите: Матуранти на „вибер“ група со 7.000 матуранти споделувааат прашањата по англиски јазик

Во група на Вибер,  7.000 матуранти ги разменуваат одговорите и заеднички го решаваат тестот по англиски јазик, кој денеска треба да го полагаат како дел од државната матура, објави Прес 24.

Денеска се полага вториот екстерен испит. Според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години, најмногу пријавени, 13.922 матуранти, се за испитот по англиски јазик.

По информациите во јавноста, со коментар се огласи Државниот испитен центар. Оттаму велат дека тестовите не биле пробиени, туку прашањата биле споделени откога испитот започнал.

-Тестот не е пробиен, туку споделен, велат од испитниот центар образложувајќи дека тестирањето почнало во 10 часот, а потоа во рамките на Вибер групите од страна на членовите биле објавувани прашањата кога почнала реализацијата на испитот.

Најавуваат дека ќе постапат согласно законските надлежности со сите матуранти што ги нарушиле правилата.

За полагање на државната матура во јунскиот испитен рок годинава беа пријавени 15 620 матуранти. Од нив, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование.

На 27 мај беше реализирано полагањето на првиот екстерен испит – Мајчин јазик и литература кој е задолжителен за сите матуранти. За Македонски јазик и литература беа пријавени 10 768 матуранти, за Албански јазик и литература 4380 и за Турски јазик и литература – 357.

Претходна вестОграбил девојче откако и се заканил со нож, полицијата го уапси
Следна вестЕксплозија во фабрика за ракети во Анкара, најмалку пет лица загинале