Темен режим Режим на светлина

Проданоски на средби со жени од различни професии по повод Меѓународниот ден на жената

Проданоски: Првите 100 дена поставија темели за развој на Прилеп Проданоски: Првите 100 дена поставија темели за развој на Прилеп

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, им го честиташе празникот на бројни жени кои секојдневно придонесуваат за развојот и напредокот на општината.

Вчерашниот ден Проданоски го помина во средби и разговори со жени од различни сфери на општествениот живот, вклучувајќи ги новинарките од градот, вработените во детската градинка „Наша Иднина“, колешките од општинската администрација, советничките во Советот на Општина Прилеп, како и штитеничките во Домот за стари лица.

„Во секоја од овие средби се потврдува истото: жените се двигател на семејството, на институциите и на заедницата. Со својата посветеност, одговорност и грижа тие оставаат силен белег во општеството и се вистинска инспирација за сите нас“, истакна Проданоски.

Тој додаде дека ваквите денови треба да нè потсетуваат дека почитта, поддршката и еднаквите можности за жените треба да ги негуваме секој ден.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ЈКП Комуналец – Прилеп: Исчистен е Спортско-рекреативниот комплекс „Езеро“, апел до граѓаните да ја чуваат природата

ЈКП Комуналец – Прилеп: Исчистен е Спортско-рекреативниот комплекс „Езеро“, апел до граѓаните да ја чуваат природата

Следна објава
Инспиративно гостување во „Што го врти светот?“: Д-р Александар Колев за иднината на кардиохирургијата, моќта на превенцијата и човечноста во медицината

Инспиративно гостување во „Што го врти светот?“: Д-р Александар Колев за иднината на кардиохирургијата, моќта на превенцијата и човечноста во медицината