Проданоски најави ревитализација на градската река во Прилеп

8

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, најави амбициозен проект за ревитализација на градската река, со цел таа да стане современ и функционален јавен простор за сите генерации.

На површина од повеќе од 14 хектари, проектот предвидува изградба на пешачки и велосипедски патеки, кејски ѕидови, урбана опрема, клупи и современо осветлување.

„Градската река ќе стане симбол на новиот Прилеп, место каде природата и урбаната убавина се спојуваат, и каде децата ќе растат во чист и безбеден град“, истакна Проданоски.

Проектот е дел од програмата на кандидатот за создавање модерна и пријатна урбана средина, која ќе ја зголеми квалитетот на животот во Прилеп.

Видеото може да го погледнете тука

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестКоњановски: Битола ќе добие нова зграда на противпожарната единица — капитален проект вреден милион долари
Следна вестТоневски најави субвенции за енергетски ефикасни фасади во Пробиштип