Проданоски: Нови културни настани ќе ја раздвижат креативната сцена во Прилеп

10

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави серија нови културни настани со цел да се заживее локалната уметничка сцена и да се поттикне креативноста кај младите.

„Ќе направиме нови културни настани за општина Прилеп! Работилници за мозаик, фестивал на стендап-комедија, музички рок фестивал и фестивал на уличната уметност. Настани што ќе ја збогатат нашата културна сцена и ќе поттикнат креативност кај младите,“ истакна Проданоски.

Со овие активности, Прилеп ќе добие нови можности за промоција на талентот, уметноста и современите културни изрази, што, според Проданоски, ќе придонесе за побогат и подинамичен градски живот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЃорѓиевски: Ајде заедно да го вратиме сјајот на нашето Скопје
Следна вестКоњановски: Во недела го правиме вистинскиот избор за Битола