Темен режим Режим на светлина

Продолжен притворот на сите четворица во постапката за пожарот во Трубарево, започнува увидот за причините

Три физички и едно правно лице ќе одговараат за огромниот пожар во Визбегово кој го загуши скопскиот регион Три физички и едно правно лице ќе одговараат за огромниот пожар во Визбегово кој го загуши скопскиот регион

Продолжен притворот на четворицата за пожарот во Трубарево, одлучи судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје. Притворот се продолжува притворот за нови 48 часа, информираат од Кривичен суд Скопје.

Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, во врска со пожарот во Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица за кои од судија на претходна постапка во неделата на 13 септември побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.

Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица, се вели во соопштението.

Четворицата се осомничени за кривичното дело од чл. 230 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ, односно Загрозување на животната средина и природата со отпад.

Обвинителство вчера информираше дека денеска треба да почне увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево и дека увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Божиновска: Инвестирањето во луѓето е клуч за успешна енергетска транзиција

Божиновска: Пониски сметки, почист воздух, Европски стандарди – Собранието го усвои Законот за енергетска ефикасност

Следна објава
Лишен од слобода бегалец од затворот во Струмица

Претрес во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица