Продолжениот викенд ги опушти скопските возачи: 252 казнети, 177 возеле пребрзо, 18 биле без дозвола…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 252 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 177 санкции, соопшти денеска МВР за контролите на скопските сообраќајници во текот на вчерашниот, последниот ден од продолжениот викенд.

Имало и 18 мерки за возење без возачка дозвола и седум санкции за возење под дејство на алкохол.

-Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), информираат од МВР.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Гладот и сиромаштијата за народот, кои ги донесе оваа власт, се најголемата закана
Следна вестСДСМ: Ги зголемивме платите на наставниците за 55 отсто