Пред главниот влез од Националната опера и балет во Скопје биле украдени четири месингани плочи со ликот на Мајка Тереза. Како што објави МВР, кражбата се случила на 25 април.
Ова е втор ваков случај на кражба односно на сквернавење на спомениците во Скопје во текот на оваа недела.
Пред два дена беше украден штит од статуата Александар I Филхелен (498-454 п.н.е) — седмиот македонски крал по ред од лозата на Аргеади, кој се наоѓа на Мостот на цивилизациите.
Граѓани тогаш на социјалните мрежи споделија фотографии на кои се гледа дека штитот кој беше составен дел од статуата веќе го нема. А, освен штитот украдени биле и скоро сите натписи кои се под спомениците.