Продолжуваат протестите против покачувањето на цената на струјата

Нови протести против покачување на цената на електричаната енергија ќе бидат одржани утре во повеќе градови во Македонија. Организаторите на протестите на денешната конференција за печат изјавија дека собирите на граѓани ќе има во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Кичево… Тие ги повикаа и граѓаните од други градови да го искажат своето незадоволство.

-Одлуката за покачувањето на цената на струјата од 7,4 отсто мора да се повлече. По ова, бараме цената веднаш да се намали за 46 проценти. Владата да го намали ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 проценти, да го укине монополот на приватната комапнија ЕВН и да стави крај на нивното нехумано и неправедно однесување кон потрошувачите. Бараме и националзирање на приватната дистрибутивна мрежа за електрична енергија, укинување на Регулаторна комисија за енергетика и формирање на независно тело, изјави денеска Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации.

Тој додаде дека е неприфатливо објансување на компаниите кои бараа поскапување на струјата.

-Тие даваат некакви паушални објаснување, барата да не сме ги користеле мобилните телефони. Утре ќе побараат да не јадеме и да не пиеме кафе. Тие компании имаа милионски добивки и сега може да се стрпат една година да се формира Влада и да седнеме да се решат проблемите, потенцира Ристески. 

Претходна вестПак пронајдени многу мигранти во комбе, пак возачот побегнал…
Следна вестФилипче: Учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите онлајн настава