Продолжуваат субвенциите за чистење оџаци

За уште еден повик се одлучи Град Скопје, во интерес на решавањето на загадениот воздух. Овој пат за субвенционирање на чистењето оџаци.
Имено, јавниот повик веќе трае, а имаат право да аплицираат оние кои заклучно со 30-ти ноември 2018 година го исчистиле својот оџак.
Како и сите повици досега, и овој пат ќе бидат делени субвенциите по принципот „прв дојден, прв услужен“, иако граѓаните реагираа за тоа дали навистина оние кои први ќе се пријават и ќе добијат пари или пак, партиска, односно друга интервенција пресудува.
Инаку ќе бидат надоместени дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1000 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.
При аплицирањето мора да се внимава да се достават сите документи објавени на веб страната на Град Скопје.