Проекција на „И(с)згубени“ во МКЦ на 28 мај

„И(с)згубени“ (Missing dog/Zstracený) е насловот на филмот што ќе се проектира на 28 мај во МКЦ, во организација на Гледај.мк и Младински културен центар. Филмот го режирал Антонио Вељаноски, а во продукцијата е потпишана Story Scope Production во соработка со Studio FAMU.
-„И(с)згубени“ е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во поштата, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот, се вели во најавата за настанот.
Организаторите предупредуваат заинтересираните да се најават навреме оти ограничено било местото во Џебното кино.