Проекција на „Пред поплавата“ во четврток

„Пред поплавата“ е името на документарецот што ќе се промовира во Социјалниот центар „Дуња“ на 15 август со почеток во 20 часот. Документарецот „Пред поплавата“ е од 2016 година. Во него познатиот актер Леонардо Ди Каприо посетува различни региони од светот, истражувајќи го влијанието на глобалното затоплување предизвикано од луѓето.
– Ова е солиден воведен документарец за сите оние што сакаат да се запознаат со катастрофалните последици од климатските промени и за ургентноста од преземањето акција, велат од „Дуња“.
Проекцијата можеби ќе бие на отворено ако тоа го дозволат временските услови, поточно во самиот двор на „Дуња“.