Професорката Котлар: Ќе формирале Секретаријат за Историската комисија која не треба да постои

На чело со Комисијата и Секретаријатот, во нови победи на разнебитување на институциите и на државата!, стои во реакцијата на познатата историчарка Наташа Котлар, на веста дека МНР ќе прави Секретаријат и ќе им дава асистенти на историските комисисти кои ја прекројуваат македонската историја. Професорката Котлар преку Фејсбук упатува и прашања до лицата кои се во комисијата.

Во продолжение ја пренесуваме целата нејзина реакција:

-Најново од циркусот „Медрано“, алијас северно МНР! Ќе формирале Секретаријат што ќе ја помагал работата на македонскиот дел од Историската комисија, која и не треба да постои! Да не е трагично, би било пресмешно! Ој, ти пиле академику и другите пилиња, воопшто не сте чуле за научни институти, факултети! Па, на еден од нив, најстариот научен институт – Институтот за национална историја (ИНИ), токму ТИ, копретседателу на Комисијата (возвишена), ТИ академику – Драги Ѓоргиев си директор. Амнезија ли е или незнаење дека (ИНИ и другите научни институти) се од национална и стратешка важност, заради научната дејност за македонската држава!?

Во тој институт и во другите научни и образовни институции се создава научниот капацитет и продукција за да се подготвувате како комисисти (кога веќе постоите како такви) и за да знаете како да настапувате, научно. Ама политичката работа е попривлечна, материјално и нематеријално, затоа удри-мавај и рушите ги институциите, избришете ги да не постојат, апстрахирајте ги луѓето-творци и доблесни на научната работа!

На чело со Комисијата и Секретаријатот, во нови победи на разнебитување на институциите и на државата!

Проклети да се знаењето и чесноста, да живеат простотијата и неукоста!, напиша во својата реакција професорката Котлар.