МВР и Министерство за образование работат на тоа да се изнајде начин да се спроведат процедури кои ќе обезбедат сигурност дека се работи за лажна дојава за бомба а децата да можат да посетуваат настава, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски, кој за попладнево најави нов состанок со Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование
Тој потрди деке се менуваат протоколи за ситуации кога ќе има дојава за бомби во училишта и други објекти.
-Не сме ја загубиле сајбер-војната и нема да ја загубиме. Ова се случува во голем број држави членки на НАТО. Веќе МВР менува одредени протоколи, кои проверуваат. Имаме денеска состанок со раководството на МВР и Министерството за образование за носење дополнителни мерки, со цел да овозможиме редовна и непречена настава, рече Ковачевски.
Тој додаде дека е родител, што значело дека ги разбира и другите родители.
-Обврска на МВР е да ја обезбеди безбедноста на граѓаните. Во согласност со протоколите за борба против тероризам, тие мора да спроведуваат процедури што се пропишани во согласност со законот, како во сите држави. Заради спречување напуштање на училиштата, секојдневно се работи за да се најде начин каде ќе се обезбеди сигурност дека дојавите за бомби се лажна, а да продолжи наставата, рече Ковачевски.