Промени во ракометната репрезентацијата требаше да направиме пред 5 – 6 години

Промени во македонската ркометна репрезентација требаше да бидат направени уште пред пет-шест години и ова што го гледаме сега не е изненадување, смета Љубомор Савевски, поранешен македонски ракометен селектор. Со него зборуваме за играта на македонската репрезентација на Светското првенство во ракомет во Египет и за иднината на македонскиот ракомет.

 Како ги оценувате досегашните настапи на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во ракомет во Египет?

– Веста за нашето играње на Светското првенство беше ден-два пред почетокот. Не може да се очекува успех кога  80 проценти од играчите имаат многу слаба минутажа во своите клубови. Повеќето се резервни играчи. За формирање на една добра репрезентација потребно е секој репрезентативец да е носител на играта во својот тим. Суштинско прашање е како да го направиме тоа.

И Швајцарската репрезентација доби покана во последен момент, но игра одлично затоа што скоро сите играчи се главни полуги во своите тимови и имаат многу натпревари во репрезентацијата.

 Во која „фаза“ е, во која „состојба“ е, што „одразува“ актуелниот состав на нашата репрезентацијата? Дали е ова „транзиционен тим“, дали е ова екипа на која се смета и во наредните циклуси на натпревари?

– Во моментот без Лазаров сме просечна, неискусна и неуиграна репрезентација. Ако сакаме напредок, Лазаров не може да игра вечно, мора годишно да имаме 20-30 пријателски натпревари со тимот што играше со Словенија плус десетина најталентирани јуниори.

Ова требаше да го направиме пред 5-6 години. Да формиравме Б тим со генерацијата на Талевски, Кузмановски …селекторот да ги собира еднаш неделно по принципот 1-2 тренинга и натпревар со македонските лигаши ќе имавме триесетина натпревари годишно и многу поголем напредок.

 Што да се прави по враќањето од Египет? Кои чекори треба да се преземаат за да бидеме повторно успешни?

– Визија при градење на тимот: Пред се избор на играчи по светски норми… Играчи што играат во два правца (со исклучок на еден или два одлични дефанзивци). Кај нас има многу повеќе напаѓачи, а малку одбранбени играчи.

На пример, нашите три пивоти се добри напаѓачи, а просечни одбранбени играчи. Треба барем двајца пивоти да се најдобри дефанзивци во тимот на позиција 3 и 4, во средина каде е најнапорно. Кај нас тука играа Талевски и Кузмановски, и нормално е дека не можат да го дадат максимумот.

Секој репрезентатавец во идната селекција мора да биде одлично технички обучен и физички максимално подготвен и само таков може да се надева на репрезентативниот дрес. Визија е, значи, макотрпна работа, многу натпревари. Како ќе го направиме тоа? Тоа е прашање за сите оние во ракометот. 

Претходна вестУгостителите од денеска ќе работат до 21 часот, но нивните проблеми остануваат
Следна вестЌе се изгласа ли денес законот за попис, што стана со повикот за компромис од Пендаровски?