Променливо облачно, до 13 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено вдолж Повардарието. Според информациите од УХМР ќе има утринска магла по одделни котлини. Минималната температура ќе биде од 2 до 6, а максималната од 8 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со утринска слаба магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Под влијание на влажен бран, од утре ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.