Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд

На подрачјето на Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=8

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Од понеделник следува период на стабилно време. Од утре до вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе допринесе намалување на температурата на воздухот.

Претходна вестМицкоски подготвен на средба со власта за референдумското прашање
Следна вестПосебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на шпанскиот премиер