Променливо облачно, попладне е можен дожд

Сонцето утрово бие битка со облаците над Скопје. Метеоролозите најавуваат дека претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта можни се врнежи од дожд.

Минималната температура ќе биде околу 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Под влијание на влажен бран кон крајот на денот во западните делови на Македонија ќе има повремени врнежи од дожд, а в сабота ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа, во следните денови претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Претходна вестСе роди нова европска опера под авторска палка на Јордан Плевнеш
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Шилегов во услови на криза преку Дрисла тера партиски вработува