Променливо облачно, попладне нестабилно со можен пороен дожд

Сончево време со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе достигне до 27 степени, најавуваат метеоролозите денеска за скопското подрачје.

Слично време, сончево со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи, се очекува и на подрачјето на целата земја.

И во следните денови во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните ќе има локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер.

Претходна вест1.068 граѓани ќе платат казна по 20 евра за неносење маски
Следна вестВладата не гледа зошто да се одложат подготовките за избори на 5 јули, Чулев единствен гласал против