Променливо облачно, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура 14, а максималната ќе достигне 27 степени.

Според прогнозата на УХМР, до сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Во петок се очекуваат пообилни количини воден талог. Дневната температура ќе биде во опаѓање. Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата.

Претходна вестМицкоски: Барам слобода за Ламбе, власта да ги увиди своите грешки
Следна вест191 сообраќајни прекршоци во Скопје, казнети 39 пешаци