Темно Режим Светло Режим

Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Променливо облачно со локални врнежи од дожд Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време, над 15 литри на метар квадратен, и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), информира дека до петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Следниот Пост

Со свеченост во касарната во Штип - Армијата ќе го прослави 33-от роденден