Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во благ пораст и ќе се движи во интервал од 28 до 34°Ц. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, со можни попладневни врнежи. Температурата утрово се движи околу 18-от, а во текот на денот ќе се искачи до 34 Целзиусови степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме. Дневните температури ќе се движат од 23 до 33 степени.