Променливо облачно, претежно во јужните делови со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
Утринската температура се движеше од 11 до 14 степени, а дневната ќе биде од 16 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата изутрина изнесуваше 13, додека преку ден ќе достигне 23 степени.