Темен режим Режим на светлина

Променливо облачно со северен ветер

Времето денес променливо облачно со силен северен ветер Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Во Скопје денеска претпладне ќе биде претежно облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Од пладне облачноста ќе се намалува и во текот на денот ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени.

На останатото подрачје во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и постудено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне и поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 5 до 11 Целзиусови степени.

Утре и во деновите од викендот ќе преовладува стабилно и суво време со пораст на дневната температура. Нови врнежи од дожд, а на планините од снег се очекуваат во понеделник.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

„Кармен“ под диригентската палка на Бисера Чадловска, утре во МОБ

Следна објава

Италијанскиот весник „Ла верита“ објави писма од Филипче до кинески фирми, а во нив...