Променливо облачно со сончеви периоди

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена, а во западните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, претпладне со услави за појава на слаба магла, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени.

За време на викендов по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла и ниска облачност. Во недела облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови пораст на температурите и топење на снежната покривка.

Претходна вест„Омикронот“ дојде, ќе си почекаме да дојде подобреното здравство
Следна вестПочна 12-от по ред Меѓународен фестивал за анимирани филмови во Скопје