Променливо облачно време со можност за локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно, со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 23 степени.

До понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови и за изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град.

Од вторник ќе настапи стабилизација со пораст на дневната температура.

Претходна вестМицкоски: На СДСМ и на ДУИ им треба дефокусирање на вниманието, по барањата на Петков не знам за што воопшто преговараме
Следна вестШолц доаѓа во Скопје, ќе се сретне очи в очи со Ковачевски