Во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, вечерва во 19 часот во објектот „Лабораториум“ на булевар „Св. Климент Охридски“ бр. 68 во Скопје ќе биде промовирана книгата Ацо Шопов: „Автопортрет со седум прсти“. Текстовите на Шопов, прв пат објавени во книга, ќе ги интерпретира Никола Ристановски, а промотор е Владимир Мартиновски.
Промоцијата е организирана во соработка со издавачката куќа „Антолог“.
Кон промоцијата се приклучуваат и Националната опера и балет, ФлипБук Фестивалот на анимирани филмови и Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), со сегменти од нивните уметнички продукции врзани за Шопов, во рамки на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“.
Насловната корица на книгата е авторство на Марко Трпески, а графичкото уредување на Бобан Здравковски Андреевски.