Промоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски

На 16 ноември (среда) 2022 година, со почеток во 12 часот, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски. Книгата е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, што ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата.

За наградената книга ќе зборува Марија Ѓорѓиева, а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.

Настанот ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“.

Претходна вестИзмамил скопјанка претставувајќи се дека е вработен во странска амбасада
Следна вестДвајца скопјани се степале во Гази Баба