Промоција на детската книга на Калина Малеска во „Сенки и облаци“

Вечерва во 19 часот, во театарот „Сенки и облаци“ во Дебар, се случува промоција на првата книга за деца во издание на „Или-Или“, „Арно ама“ од Калина Малеска. Освен претставувањето на книгата од страна на промоторката Оливера Ќорвезироска и обраќањето на авторката Калина Малеска, екипата на детскиот театар низ ќе одигра претстава според еден од расказите во книгата.
-Случките на Дамјан, Марко, Илина и Огнен како по жица се движат помеѓу реалноста и еден друг детски, но толку вистински и истовремено волшебен свет а тоа беше повеќе од доволна причина да ја затвориме книгата (откако ја распарталивме од читање) и да ги отвориме вратите на нашиот и ваш Театар „Сенки и облаци”, и на промоцијата, со помош на магијата на сенките, ќе одиграме претстава работена според еден од расказите во „Арно ама”, велат од театарот „Сенки и облаци“.