Промоција на „Разговори за нас“

Писателката Катерина Богоева денеска ќе ја промовира книгата „Разговори за нас“, во која се содржани триесет интервјуа снимени и објавени во периодот од 2000 до 2017 година во две списанија и во еден дневен весник: „Глобус“, „Премин“ и „Утрински весник“. Промотори на книгата се Бојан Иванов и Емилија Петреска – Камењарова
Богоева инаку е автор на монографијата „Современи македонски уметници “, коавтор на монографијата „Триесет години Факултет за ликовни уметности“, како и на публикациите: „Крушево – хабитат за човекот“, „Мечката во народното творештво“ и „Голем град“.