Промоција на „Весели вагони низ четири сезони” на Ели Маказлиева

„Весели вагони низ четири сезони” е новата детска поетска збирка на авторката Ели Маказлиева, што се промовира денеска.

– Неодоливо харизматично, со многу рафинирани финеси, поетесата им се обраќа на децата со кусо воведно обраќање и искрено верува дека, заедно со децата – читатели: „Со стихови времето ќе го менуваме, со златно сонце ќе го осветлуваме, со дождовни капки ќе го украсуваме, на крилјата од песните до небото сино ќе патуваме и пак на земјата ќе слетуваме, пишува во рецензијата на книгата професорката Кристина Николовска.

Поетската содржина е поставена низ четири етапи: „Есенски поздрави“, „Зимски радости“, „Пролетни песни“, и „Летни игри“.

Претходна вест„Комунална хигиена“ чистела диви депонии, ама и ја полни ли таа кај „Вардариште“?
Следна вестВтор ден од уписите во средните училишта, пак се популарни гимназиите