Пронајдена е мајката што го остави бебето на улица, малолетна е и не била мажена

Пронајдена е мајката која пред некој ден го остави штотуку роденото бебе во тревник. Социјалните служби ја лоцирале малолетната мајката која го остави во парк во Топанско Поле бебето голо, а до него беше дури и папочната врвца.
Малолетничката потпишала изјава дека не може да се грижи за новороденчето. Социјалните работници утврдиле дека таа не била мажена.
За среќа, машкото бебе е во добра здравствена состојба и се очекува до понеделник да остане на Детската клиника. Потоа бебето ќе биде префрлено во згрижувачко семејство. Мајката има рок од три месеци да се предомисли, а ако тоа не се случи, бебето ќе биде дадено на посвојување.