Home НАША ТУРЛИТАВА Пронајдена „Книгата на мртвите“, античко писмо полно со „магии“

Пронајдена „Книгата на мртвите“, античко писмо полно со „магии“

0
Пронајдена „Книгата на мртвите“, античко писмо полно со „магии“

Археолозите кои ископувале гробишта стари 3.500 години ја откриле древната египетска „Книга на мртвите“, свиток исполнет со магии кои го водат покојникот низ задгробниот живот. Научниците проценуваат дека овој мистериозен свиток, пронајден на гробиштата Туна ал-Гебел во централен Египет, е долг помеѓу 13 и 15 метри.

– Ваквите свитоци беа вообичаен дел од погребувањата во древниот Египет, а шармите во нив беа еден вид натприродно патничко осигурување, вели Сара Кол, помошник кустос во Одделот за антиквитети во музејот Џ. Пол Гети. Заедно со свитокот, археолозите на тоа место пронашле и мумии, за кои се верува дека припаѓаат на високи функционери, од кои некои сè уште биле во украсени саркофази.

Меѓу нив е и мумијата на Та-де-Иса, ќерка на првосвештеник. На тоа место се откриени и контејнери од алабастер, во кои се чувале органи и илјадници амајлии. Старите Египќани верувале дека патот низ задгробниот живот не е многу лесен, па до покојникот била ставена низа инструкции или таканаречената „Книга на мртвите“.

Ваквите свитоци беа прилично скапи бидејќи требаше да го напишете вашето име во нив за да имаат ефект во задгробниот живот. Некои записи биле во форма на шаблон со празен простор за пишување на името на покојникот, додека побогатите можеле да избираат пишани магии, поради што таквите свитоци биле единствени, пишува Бизнис Инсајдер.

Книгата на мртвите е древен египетски компендиум составен од различни религиозни и магични текстови, кој во Египет бил положен, заедно со покојникот, во гробот. Се состои од низа поединечни текстови (магии) и придружни илустрации. Во моментов се познати околу 192 магии, иако ниту еден ракопис не ги содржи сите.

Чармите имале различни функции. Некои му дале на починатиот мистично знаење во задгробниот живот, други го штителе покојникот од разни непријателски сили или го воделе низ подземниот свет.